Македонски Културен Центар (МаКуЦ)


Македонскиот културен центар зафаќа простории во големина од околу 300m2, во кругот на поранешен „Интекс“.
Во овие простории се изложувани дела на голем број македонски, словенечки и други ликовни уметници. Овде се одржуваат подготовките и голем дел од настапите на фолклорната секција. Во МКЦ пред публиката се имаат претставено голем број на театарски групи од Словенија, Македонија и други. Овде се одржуваат многу игранки, кулинарични вечери, организирани забави и слично. Управниот одбор на МКД „Св. Кирил и Методиј“ своите состаноци ги одржува исто на оваа локација. Во просториите на МаКуЦ работи и Информацискиот центар - Наше Сонце, кој го издава весникот Наше Сонце.

МКЦ е најголема придобивка на МКД „Св. Кирил и Методиј“


Најголема придобивка во 24-годишното постоење на МКД „Св. Кирил и Методиј“ е изнајмувањето на простории, односно отворањето и предавањето во употреба на „Македонскиот културен центар“ во Крањ. Со доброволна работа, донации на Македонците, неколку фирми од Р. Словенија, поддршка од Mакедонската амбасада и владата на Р. Македонија, ни успеа да преуредиме дел од поранешните простори на „Интекс“ за потребите на друштвото.

Актуелно


МКД Св. Кирил и Методиј има издадено 21 број на весникот Наше сонце.

Традиционалниот, 18-ти по ред Етно-фолк, ќе се одржи по петти пат во Летниот театар Khislstein, на 25.6.2016 година.

МКД „Св. Кирил и Методиј“ од Крањ доби нова интернетна страна

Повеќе ...

Македонски културен центар

Во јуни 2006 година, потпишан е десетгодишен договор за наем на истите простории (годинава договорот е продолжен на уште 10 години), во големина од околу 300m2, во кои моментално своите активности ги изведува МКД „Св. Кирил и Методиј“.

Македонски Културен Центар (МаКуЦ)
адреса: Савска цеста бр.34
4000 Крањ, Словенија
телефони: +386 (0)4 2369 588, +386 (0)4 2369 589
e-mail: mkd.kranj@gmail.com